Две шок бомби експлодираа во Митровица

Илустрација, полиција во северна Митровица на 13 јуни

Две шок бомби експлодираа во петокот на 16 јуни во доцните часови во Северна Митровица, потврди косовската полиција за Радио Слободна Европа.

Регионалниот заменик директор за Север Ветон Елшани изјави дека едната експлозија се случила во близина на полициската станица, а другата во близина на Техничкото училиште.

„Немаше штети, нема повредени, а полицијата како и секогаш беше на север на врвот на нивната давачките во доволен и неопходен број“,изјави Елшани.

Тој додаде дека во другите општини на северот во саботата на 17 јуни ситуацијата била мирна и дека во Лепосавиќ имало мал број демонстранти.

Видете и ова: САД бараат итни чекори од Косово и Србија за смирување на ситуацијата


А ден пред 16 јуни, полициската станица во Северна Митровица беше цел на шок-бомба. Нападната е и полициската станица во Звечан.

Тензиите на северот на Косово, со мнозинско срспко население, се зголемија во последните три недели. Тие започнаа на 26 мај, кога новите албански градоначалници на општините на север, со помош на косовската полиција, влегоа во општинските згради, со противењето на тлокалните жители етнички Срби.

Тензиите кулминираа на 29 мај, кога српските демонстранти се судрија со членовите на мисијата на НАТО на Косово, КФОР, во Звечан. Во судирите се повредени десетици луѓе од двете страни.

Исто така, на 13 јуни косовската полиција спроведе акција во Северна Митровица каде го уапси Милун Миленковиќ. Министерот за внатрешни работи Џелал Свечља изјави дека уапсениот е осомничен дека е еден од организаторите на настанот во Звечан на 29 мај.

Ден потоа, српските сили уапсија тројца припадници на косовската полиција на северот на земјата, акција која Владата на Косово ја опиша како киднапирање.