Поплавен патот Градско- Прилеп, свлечишта пред Плетвар

Илустрација, Архивска фотографија патот Градско - Прилеп

Силниот дожд предизвика излевање на Раечката река при што сообраќајот на регионалниот пат Градско-Прилеп утринава е во целосен прекин поради поплава, соопшти на 17 јуни Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Дождот предизвика излевање на Раечка река на местото каде што се градат нови два тунела и го направи патот непрооден. Оваа локација се поплавува редовно кога има малку посилен дожд.

Од Автомотосојузот (АМСМ) претходно соопштија дека на клучката кај „Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај Плетвар пред тунелите имало свлечиште и одрон од карпи.

Видете и ова: Скапи патарини за лоши и малку автопатишта

Од ЦУК велат дека се преземаат мерки за расчистување и на терен се тим од Полициската станица Градско и екипа со механизација која што работи на испумпување на водата и расчистување на патот.