Украинските сили со контраофанзива, руските сили со засилени напади врз Херсон

Илустрација

Украинските сили се ангажирани во офанзивни операции во неколку области во јужна Украина, изјави заменик-министерката за одбрана Хана Малјар.

„Тие постепено се движат напред“, рече таа.

По украинскиот напредок, руските сили ја зајакнаа одбраната во областите Бердјанск и Мариупол и ја зголемија својата огнена моќ со пренесување војници и опрема таму од други фронтови, а истовремено ги проширија своите мински полиња.

Ваквите тврдења на украинските власти не може да да бидат независно потврдени.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

И спортот е политика: Украински фудбалер во одбрана на земјата

Најмалку две лица загинаа, а 25 други беа ранети во текот на изминатиот ден од руското гранатирање на регионот Херсон, изјави на 17 јуни шефот на регионалната воена администрација Олександр Прокудин.

„Градот Херсон беше погоден од 44 руски гранати“, рече Прокудин.

Тој додаде дека цел на руските сили биле станбени населби, згради во кои се сместени образовни и административни институции и трговски центар во Херсон.