Американското Министерството за енергетика прими барање за откуп од група поврзана со Русија. Откупот бил побаран хакерски напади на 15 јуни во два објеккти на ова министерство, првиот за нуклеарен отпад, а вториот во делот од научнообразовните капацитети, изјави портпаролот на 16 јуни.
Податоците биле „компромитирани“ кај двете институции како дел од глобалната хакерска кампања на 15 јуни. Барањата за откуп пристигнале преку е-пошта, а институциите „не се вклучија“, рече портпаролот.
Видете и ова: „Змијата“ - Најсофистицираната алатка за сајбер-шпионажаБарањата за откуп дошле од група за изнуда наречена CI0p, која им соопштила дека ќе ги ги избришала податоците земени од владините агенции доколку не го добие откупот. Нема детали за колква откуп станува збор.
Податоците беа „компромитирани“ во двете институции откако хакери ги пробиле нивните системи преку безбедносен пропуст во алатката за пренос на датотеки MOVEit Transfer, јавува новинската агенција Ројтерс. Софтверот е широко користен од организации ширум светот за споделување чувствителни податоци.
Американската агенција за сајбер безбедност соопшти дека не забележала никакви значајни влијанија.