Рускиот претседател Владимир Путин на 17 јуни изјави дека првата серија тактичко нуклеарно оружје е испорачана на Белорусија.
„Ќе префрлиме дел од тактичкото оружје на белоруска територија. Веќе се испорачани првите нуклеарни полнења. Ќе ја завршиме оваа акција до крајот на летото“, изјави Путин на форумот во Санкт Петербург.
Видете и ова: Лукашенко вели дека ќе нареди употреба на руско нуклеарно оружје во случај на агресија врз неговата земја„Ова е елемент на одвраќање“, изјави Путин.
Москва и Минск на 25 мај потпишаа документи кои дозволуваат поставување на руско тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија - прв потег на такви боеви глави надвор од Русија по падот на Советскиот Сојуз.
Белорускиот авторитарен лидер Александар Лукашенко нагласи дека побарал од Путин да распореди руско нуклеарно оружје во Белорусија и додаде дека таков чекор е неопходен за да се спречи потенцијална агресија.
Видете и ова: „Прашање на денови“ е кога ќе стигне руското нуклеарно оружје во Белорусија„Верувам дека никој не би сакал да се спротивстави на земја која има такво оружје. Тоа е застрашувачко оружје“, посочи Лукашенко.
На 9 јуни, Путин го објави својот план за распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, почнувајќи од почетокот на јули.