Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на 16 јуни во Брисел изјави дека алијансата ќе ги зајакне политичките врски со Украина на самитот следниот месец, но дека засега „не станува збор“ за покана за членство на Киев, пренесе АФП.
„Нема да разговараме за поканата за самитот (НАТО) во Вилнус (11 и 12 јули), туку за тоа како можеме да ја приближиме Украина до НАТО“, рече Столтенберг и додаде дека е „убеден оти земјите-членки ќе најдат добро решение и консензус“.
На 15 и 16 јуни во Брисел се одржа министерски состанок на НАТО, на кој учествуваа министрите за одбрана на земјите членки.
„Како симболичен гест, лидерите на Алијансата имаат за цел да го одржат првиот состанок на Советот НАТО-Украина со претседателот Володимир Зеленски во главниот град на Литванија“, рече Столтенберг.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Самитот на НАТО се одржува во Вилнус на 1 и 2 јули.
Овој потег претставува надградба на политичките врски и ќе му даде на Киев порамноправно место на масата „да се консултира и одлучува за безбедносните прашања“, рече Столтенберг.
Членките на НАТО сè уште немаат единствен став во однос на барањето на Украина да се приклучи на Алијансата кога ќе заврши војната.