Владата на Обединетото кралство повика на итно ослободување на тројцата косовски полицајци уапсени на 14 јуни.
„Ги повикуваме Косово и Србија да покажат максимална воздржаност, да избегнуваат еднострани мерки и да преземат итни мерки за намалување на тензиите“, се вели во соопштението на британската влада.
Српските сили претходно уапсија тројца косовски полицајци. Косовската полиција го опиша како „класично организирано киднапирање“ на територијата на Косово, додека Белград тврди дека биле уапсени од антитерористичките единици на српската жандармерија на територијата на Србија во општина Рашка.
Видете и ова: Ескобар: Косово и Србија да соработуваат за стабилност, инаку ќе има санкцииПретходно специјалниот претставник на САД за Балканот, Габриел Ескобар, ги повика Белград и приштина да соработуваат на стабилноста „или ќе има санкции“.
Ова се случува во време на зголемени тензии на северот на Косово, кој е населен со мнозинско српско население.