ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да врши притисок за да се обезбедат што е можно повеќе резолуции за заштита на македонскиот јазик, како таа во германскиот парламент, изјави денеска партискиот лидер Христијан Мицкоски, од денешното одбележување на 80-годишнината од стрелањето на младинците во Ваташа.
Во контекст на уставните измени, Мицкоски го повика премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачески да се соочат на ТВ дуел.
Видете и ова: Османи: Рокот на ВМРО-ДПМНЕ за договор е до првото гласање во Собрание„Ковачевски се плаши да оди на избори, се плаши да излезе на ТВ дуел. За да нема вака кажавме така кажавме, средба на тимови, средба на лидери, еве јавно пред македонската јавност на ТВ дуел, очи во очи да си кажеме тоа што сакаме па народот нека суди и нека пресудува“, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
На новинарско прашање како ја коментира изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дека по уставните измени, Бугарија нема повеќе да не блокира, Мицкоски рече дека „за да коментира Османи треба да има кредибилитет“.