Во Русија почна судењето на членови на „Азов“, им се суди и на готвачките

Русија - судење на припадници на баталјонот Азов во Ростов-на-Дон

Судењето на 22 украински припадници на баталјонот Азов, кои се обвинети за терористички активности против Русија, започна на 15 јуни во воениот суд на рускиот град Ростов-на-Дон.

Меѓу обвинетите се и осум жени кои работеле како готвачки во фабриката Азовстал во Мариопол за време на руската опсада на објектот во 2022 година.

Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на Твитер напиша дека судењето е „официјално воено злосторство“.

Азовскиот полк со месеци се бореше со руските војници во јужниот град Мариопол, пред околу 2.500 конечно да се предадат во мај минатата година.