Ракети и памфлети

СРБИЈА - Министерството за одбрана на Србија на 15 јуни негираше учество на припадници на армијата во апсењето на тројцата косовски полицајци.
Како што се наведува, армијата соработува со другите српски безбедносни сили, како и со КФОР, „со кои одржува професионални контакти на сите нивоа со цел да се следи ситуацијата на теренот и да се зачува сигурна и безбедна средина“.

СЕВЕРНА КОРЕЈА - Северна Кореја на 15 јуни истрела два проектили со краток дострел од нејзиниот источен брег, соопшти војската на Јужна Кореја, помалку од еден час откако Пјонгјанг предупреди за „неизбежен“ одговор на воените вежби започнати претходно истиот ден од страна на Јужна Кореја и американските војници.

ГЕРМАНИЈА - Разноликоста на ЕУ ќе се збогати со македонскиот јазик и култура пишува во резолуцијата за Северна Македонија на германскиот Бундестаг.

ЕУ - Евроамбасадорот Дејвид Гир смета дека не треба да се очекуваат нови договори во однос на пристапувањето на Северна Македонија во Европската унија и посочи дека македонскиот јазик е веќе содржан во Преговарачката рамка без никакви квалификации.

МАКЕДОНИЈА - Претседателот на Судски совет, Сашко Геогиев им порача на судиите кои ја пополнувале последната анкета за доверба во судството дека немаат храброст што за влијанијата проговориле анонимно, а не пријавуваат во Советот.

МАКЕДОНИЈА - Шанса за договор со опозицијата постои до моментот кога ќе дојде на ред првото гласање. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на договорот за уставни измени со ВМРО ДПМНЕ и нагласи дека има две паралелни патеки на кои се работи со партијата.

РУСИЈА - Руската Централна изборна комисија за 10 септември закажа регионални избори во четири украински области, за кои Москва тврди дека ги припоила за 10 септември, објави државната новинска агенција РИА. Ова се совпаѓа со гласањето во другите руски региони.

СРБИЈА - Српскиот претседател Александар Вучиќ во разговор со претставниците на Европската унија (ЕУ) и Квинта понудил снимка од апсењето на косовските полицајци и тврди дека српските власти не ги малтретираат.

КОСОВО - Во престрелка која се случила доцна синоќа во Приштина е убиен македонски државјанин, јавуваат од косовската полиција. Според денешното соопштение на полицијата жртвата била пронајдена во возило со македонски регистрации, а недалеку, на околу еден километар е пронајдено запалено возило. Тоа било со германски таблици и се претпоставува дека било користено за убиството.

УКРАИНА - Во руските ракетни напади загинаа најмалку шест лица во текот на ноќта во јужниот пристанишен град на Украина, Одеса и во источниот регион Доњецк.