Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Горси денеска изјави дека се преземени „бројни мерки“ за стабилизирање на ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје во Украина, која е под руска контрола, пренесе агенцијата РИА.
За време на посетата на овој објект, кој се наоѓа во близина на линијата на фронтот, Гроси исто така рече дека инспекторите на МААЕ ќе останат во електраната и дека е „нереално“ Русија и Украина да потпишат документ за безбедноста на централата, „додека се уште се борат“.
Видете и ова: Гроси- Нуклеарната централа Запорожје се соочува со „опасна ситуација“Посетата на Гроси доаѓа по уривањето на блиската брана Нова Каховка минатата недела.
Тоа ги загрози резервоарите од кои реакторите на нуклеарната централа Запорожје добиваат вода за ладење.
РИА го цитира Гроси дека ситуацијата во Запорожје е „сериозна“, но дека нивото на водата за ладење се уште е доволно.