Портпаролот на Европската унија (ЕУ) Петер Стано оцени дека одлуката на Брисел да воведе одредени мерки за Косово не е лесна, но дека е неопходна.
„Овие мерки не се нешто што ЕУ го презема лесно, туку мерките беа воведени затоа што досега не сме виделе никакви чекори кон деескалација. Тоа е инструмент што го користиме за да покажеме дека ЕУ е сериозна кога вели дека очекува деескалација и како реакција кога тоа нема да се случи“, рече Стано.
Тој потврди дека мерките се привремени и реверзибилни додека не дојде до деескалација.
Видете и ова: Зајакнати гранични контроли на границата меѓу Косово и СрбијаНа 13 јуни, земјите-членки на ЕУ поддржаа пакет мерки против владата на Косово поради неисполнување на меѓународните барања поврзани со мерките за деескалација на северот, по тензиите што започнаа на крајот на мај.
Мерките вклучуваат суспензија на посетите и контактите и настаните на високо ниво, како и финансиската соработка на ЕУ со Косово.
Портпаролот на Брисел рече дека се уште се очекува косовскиот премиер Албин Курти да ги спроведе барањата.
Видете и ова: Претседателот на Албанија бара ослободување на тројцата косовски полицајциМеѓу другото, ЕУ бара од официјална Приштина итно да ги прекине полициските операции околу општинските згради на северот; алтернативна локација каде привремено би работеле новоизбраните градоначалници и распишување вонредни локални избори за четири општини на северот на Косово, на кои би учествувале и претставници на српската заедница.
Овие барања ги повтори високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во писмото до премиерот на Косово.
Според Борел, без смирување на ситуацијата на северот на Косово, нема простор за продолжување на процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина.