Албанскиот претседател Бајрам Бегај укажа на опасноста од дестабилизација на регионот по апсењето на тројцата косовски полицајци, за кои Приштина тврди дека биле киднапирани од српските сили во близина на границата со Србија.
Бегај ова го оцени како сериозен провокативен настан кој има за цел да го дестабилизира не само Косово, туку и целиот регион.
„Најостро го осудувам овој чин и апелирам до српските власти да ги ослободат косовските војници. Ги повикувам и меѓународните партнери да интервенираат и да обесхрабрат други слични акции“, пишува Бегај.
Видете и ова: Курти - Од безбедносни причини засилени граничните контроли со СрбијаШефот на албанската држава го повика Косово да не наседнува на провокации, туку да придонесе за намалување на тензиите.
„Координацијата со САД и ЕУ за враќање на масата за дијалог е многу важна“, вели албанскиот претседател.
Пред неколку дена реагираше и премиерот на Албанија, Еди Рама, кој одговори на критиките од социјалните мрежи дека нема реакција по ова прашање.
„Кој ќе каже дека молчиме или сака да долее масло на огнот подигнувајќи обвинувања додека КФОР го истражува случајот, нема да знае ниту за Косово, ниту за Албанија, туку само за изгубената политичка војна со мене или политиката на имагинарната војна со Србија“, рече премиерот.Албанија.
Видете и ова: Приштина обвинува дека тројца косовски полицајци биле киднапирани, Србија тврди дека тие биле уапсениРама посочи дека Албанија е дел од евроатлантската заедница и дека ја држи истата линија со нив, да го чека зборот на КФОР кој го истражува случајот, а од друга страна останува на барањето за итна деескалација на ситуацијата.
Премиерот на Албанија претходно ја откажа заедничката средба на владите на Албанија и Косово и рече дека побарал средба во потесен формат со неговиот косовски колега Албин Курти. Тој рече дека се уште го чека одговорот на Курти за средбата.
Од тензичната ситуација во северниот дел на Косово, на крајот на мај, премиерот на Албанија, Еди Рама, зазеде критички став за работата на косовските институции.