Прво судско рочиште на Трамп во Флорида

Доверливите документи пронајдени на имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на 13 јуни треба да се појави пред федералниот суд во Мајами за да се соочи со обвинението дека незаконски чувал документи за националната безбедност откако ја напуштил функцијата.

Ова ќе биде втора посета на Трамп во судница од април годинава, кога тој се изјасни за невин по обвиненијата во Њујорк, кои се однесуваат на незаконската исплата на порно ѕвезда.

Трамп е првиот поранешен но и како актуелен претседател кој се соочил со кривични пријави во америнските судови. Но, тоа не ги намали неговите надежи за враќање во Белата куќа.

Според анкетата на новинската агенција Ројтерс, тој има голема предност пред неговите ривали за републиканската номинација за претседателските избори во 2024 година и 81 отсто од републиканските гласачи сметаат дека обвиненијата против него се политички мотивирани.

Трамп ги демнатираше обвиниенијата и во јавноста го прикажа случајот како обид да се поткопаат неговите напори за реизбор.

По неговото појавување на суд вво 19 часот, Трамп треба да лета назад кон неговиот терен за голф во Њу Џерси, каде што се очкува негово јавно обраќање вечерва.

Појавување на Трамп на суд во Њујорк во април, привлече внимание на гласни поддржувачи и демонстранти на улиците, а официјалните лица во Мајами за вечерва се подготвуваат за толпа демонстранти од 50.000 луѓе.

Видете и ова: Покренато обвинение против Трамп за пронајдените доверливи документи на неговиот имот во Флорида

Дел од аналитичарите се загрижени дека реториката на Трамп би можела да поттикне насилство, потсетувајќи на нападот на Капитолот на САД на 6 јануари 2021 година.

Министерството за правда истражуваше дали Трамп лошо постапил со доверливите документи, откако ја напушти Белата куќа во 2021 година. Откако го пребарале неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, пред речиси една година, истражителите заплениле околу 13.000 документи, а 100 од нив содржеле доверливи информации што морало да бидат заштитени.

Трамп претходно се бранеше со тврдење дека тие документи повеќе не се доверливи бидејќи тој како претседател ги декласифицирал, но за тоа не понуди никаков доказ.

Видете и ова: Покренато обвинение против Трамп за пронајдените доверливи документи на неговиот имот во Флорида


Трамп беше претседател на САД од 2017 до 2021 година, а е фаворит за републиканската претседателска номинација. Тој тврди дека е жртва на политички мотивиран лов на вештерки и го обвинува Министерството за правда за пристрасност.