Религиозната полиција на талибанците повторно ги повика сопствениците на свадбени сали во Кабул да се воздржат од пуштање на музика и активности кои се во спротивност со нејзините исламски правила за свадби и слични настани.
Министерството за пропагирање и доблести и превенција од пороци, во изјава во неделата соопшти дека ова било разговарано на средба со сопствениците на салите за венчавки.
На сопствениците на салите им било соопштено целосно да ги спроведат одлуките донесени од Министерството.
Минатата година, талибанците ги советуваа сопствениците на бизниси да избегнуваат музика, но, одлуките не беа спроведувани секаде.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Салите за венчавки се непопуларни кај многу луѓе, затоа што им создаваат притисок на семејствата да организираат скапи венчавки. Иако многу млади парови сакаат да се венчаат во свадбена сала, не можат да си дозволат поради трошоците.
Талибанците сметаат дека музиката е против учењето на Исламот. По враќањето на талибанците на власт во август 2021 година, многу уметници и музичари го напуштија Авганистан и побараа азил во западните земји.