Делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Северна Македонија не коментира внатрешни дискусии во врска со исходот од лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но додека дека се јасни заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година кои се однесуваат на интеграцијата на земјата во Унијата.
Советот заклучи, потсетуваат од Делегацијата на ЕУ, дека ќе се свика уште една меѓувладина конференција, без дополнителни одложувања и дополнителна политичка одлука, штом Северна Македонија ќе ја спроведе својата заложба и ќе ги заврши уставни измени.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по состанокот со Ковачевски на 7 јуни, меѓудругото, излезе со барање уставните измени да се усвојат со одложено дејство, односно откако земјава ќе стане членка на ЕУ.
Премиерот Ковачевски денеска рече дека сега треба да се оди кон примена на договореното и јавно кажаното на прес-конференцијата по лидерската средба за уставните измени, а не кон толкување, како што рекол.
Уставните измени со кои Бугарите треба да се внесат во Уставот на Македонија, се потребни за да може да продолжи евроинтеграцијата на земјата. За уставни измени потребно е да гласаат две-третини од 120 - члениот Парламент, а засега власта го нема потребното мнозинство.