Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси вели дека е на пат за Украина каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој треба да ја претстави програмата за помош за „катастрофалните“ поплави во земјата предизвикани од минатонеделното пробивање на браната Нова Каховка.
„Ќе ја проценам ситуацијата во нуклеарната централа Запорожжја“, додаде тој во твитот на 12-ти јуни.
Централата е спротиводно од браната и се соочува со потенцијален недостиг на вода, бидејќи пробивањето го исцедува нивото на водата.
Видете и ова: Борбите во Украина продолжуваат, исклучен последниот нуклеарен реакторПробивањето на браната Каховка низводно на реката Днепро, принуди илјадници луѓе да избегаат од поплавите, како и нагло намаленото ниво на водата во езеро кое се користи за централно ладење на централата.
На 10 јуни Украинската агенција за нуклеарна енергија соопшти дека поледниот реактор од најголемата европска нуклеарна централа е ставен во режим на „ладно исклучување“ заради безбедност.