Косово одбележува 24 години од Денот на слободата

Дочек на НАТО трупи во Приштина, 1999 година

Косово на 12 јуни ја одбележува 24-годишнината од Денот на слободата или ослободување на Косово, кога мировните трупи на НАТО влегоа на територијата по воздушната кампања на Алијансата против српските воени и полициски мети на Косово и во Србија.

Кампањата на бомбардирање која траеше 78 денови, заврши на 10 јуни 1999 година, по усвојувањето на Резолуцијата 1244 на Советот на безбедност при Обединетите нации, со повлекување на српските сили од Косово.

Со Резолуцијата на Обединетите нации на Косово воспоставена е привремена администрација на УНМИК, да управува со уништената земја во транзицискиот период до изградбата на локалните капацитети и решавање на статусот на Косово.

Видете и ова: Дали Русија навистина отсекогаш била со Србија?

Исто така, утврден е правен основ за распоредување на 50.000 мировни трупи предводени од НАТО, со цел да се обезбеди мир на Косово, што претставува најголемата мировна мисија на Алијансата.

На распоредувањето на мировните трупи му претходеше Кумановскиот технички договор, кој предвидуваше повлекување на сите српски сили од Косово и влез на меѓународните трупи на НАТО на Косово.

Целосното повлекување на српските трупи заврши на 20 јуни 1999 година.

Први војници кои влегоа на територијата на Косово во 1999 година беа припадници на норвешката војска.

Со влезот на меѓународните трупи овозможено е враќање на повеќе од 800.000 бегалци во своите домови, луѓе раселени внатре и надвор од Косово како и протераните кои се засолнија во кампови во Албанија и Северна Македонија.

Воената интервенција на НАТО следеше по речиси една деценија меѓународен дипломатски напор да се запрат војните во поранешна Југославија. На ова му претходеа конференции во Рамбује и Париз, каде Србија го отфрли компромисот за запирање на насилството на нејзините трупи во Косово.

Повеќе од 13.000 луѓе е убиено, а повеќе од 6.000 исчезнаа во војната 1998-1999 година.

Стотици убиени Албанци од Косово се пронајдени во масовни гробници во Србија. Српските сили го закопале нивните тела за да ги сокријат злосторствата.

Политичките и воени лидери на Србија беа уапсени судени и осудени во Меѓународниот суд во Хаг за бивша Југославија за злосторствата против човештвото направени на Косово. Меѓу нив беше и поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, кој почина во затворот пред да биде осуден како одговорен за наредбата за воените злосторства на Косово.

Според податоците, повеќе од 1.600 луѓе се уште се водат како исчезнати.

23 години по влегувањето на Косово, бројот на припадниците на КФОР се намали и во моментов има преку 4.000 војници од 28 земји во светот.