Претседателот на Сојузот на средношколци во заминување, Лука Павиќевиќ, денеска, 11 јуни, го коментираше вчерашното препишување на матурскиот тест по англиски јазик како „пропаст на нашата колективна свест, совест и доблест“.
„Вината припаѓа на сите – и на тие што препишувале, и на тие што дозволиле да се препишува“, изјави Павиќевиќ.
Вчера, на полагањето на вториот екстерен испит, тестот по Англиски јазик бил споделен во групи на социјалната мрежа „Вибер“ во која членувале околу 7000 матуранти, односно над половина од вкупниот број пријавени матуранти кои го полагале испитот по овој предмет.
Видете и ова: Матурските прашањата по Англиски јазик се појавија во Вибер група
Павиќевиќ смета дека санкции треба да има, доколку се утврди дека матурантите препишувале и дека за тоа треба да одлучи Државниот испитен центар.
Вчера, Државниот испитен центар соопшти дека тестовите не се пробиени кај нив, туку дека истите започнале да се споделуваат во групата откако започнало тестирањето.