Во Судан нови борби по завршувањето на примирјето

Архивска фотографија - Чад над Картум од запалени ракетирани објекти

Архивска фотографија - Чад над Картум од запалени ракетирани објекти

Борбите продолжија во неделата во Судан , поточно во Картум, кратко по завршувањето на 24-часовното примирје, по којзнае кој редослед од почетокот на конфликтот меѓу двајцата ривалски генерали, објавија очевидци.

Жителите на Картум се разбудија од звуците на артилерија и борби во неколку населби на главниот град, изјавија очевидци за Франс прес.

Судирите продолжија десет минути по завршувањето на еднодневното примирје за кое преговараа саудиските посредници, кое започна во 6 часот наутро во саботата.

Силно артилериско гранатирање се слушнало во Картум и во Омдурман, предградие на главниот град и било забележано пукање од различни видови оружје на улицата Ал Хаја во јужниот дел на Картум.

Видете и ова: Војската на Судан ги напушти преговорите за примирје

Новото примирје, кое според очевидците во голема мера беше почитувано, им даде на жителите на Картум пауза за време на која можеа да набават залихи или да избегаат од главниот град.

Речиси два месеци, Картум е зафатен од вооружен конфликт што доведе до тешка хуманитарна криза. Конфликтот избувна на 15 април меѓу армијата предводена од генералот Абдел Фатах ал Бурхан и паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ) на генералот Мохамед Хамдан Дагло.