Францускиот претседател Емануел Макрон во го повика својот ирански колега Ебрахим Раиси „веднаш да ја прекине“ поддршката на Техеран за руската инвазија на Украина, која вклучува снабдување на Москва со беспилотни летала за напад, објави Елисејската куќа.
Во телефонскиот разговор, Макрон ги подвлече сериозните „безбедносни и хуманитарни последици“ од испораката на беспилотни летала од Иран „и го повика Техеран веднаш да ја прекине својата поддршка за руската агресивна војна против Украина“, се вели во соопштението.
Видете и ова: САД - Иран планира да изгради фабрика за дронови во РусијаПовикот дојде еден ден откако портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека Русија добива материјали од Иран за изградба на фабрика за дронови на нејзина територија која „би може целосно да биде оперативна на почетокот на следната година“.
Белата куќа објави сателитска снимка од локацијата на идната фабрика во специјалната економска зона Алабуга, на околу 900 километри источно од Москва.