Во Црна Гора денеска, 11 јуни, се одржуваат вонредни парламентарни избори. Ова се 12-ти парламентарни избори во Црна Гора.
Избирачките места се отворени во 7 часот, а затвораат во 20 часот. Право на глас имаат 542.468 гласачи, што е за 314 гласачи повеќе од последните претседателски избори одржани на 19 март. Црногорскиот парламент брои 81 пратеник.
Во изборната трка учествуваат 15 изборни листи на коалиции и партии, потврдени од Државната изборна комисија. На изборите во Собранието на Црна Гора се избираат 81 пратеник за период од четири години.
Видете и ова: Јаков Милатовиќ стапи на должноста претседател на Црна ГораИзборите се одржуваат во време на политичка и институционална криза, десет месеци по падот на Владата. Од последните парламентарни избори во август 2020 година, две влади беа сменети, а парламентарното мнозинство не успеа да се договори за формирање трета.
Поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ со указ на 16 март го распушти актуелното свикување на Собранието, а ден подоцна распиша вонредни парламентарни избори за 11 јуни.