Шести протест „Србија против насилството“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Десетици илјади луѓе маршираа во Белград на 9 јуни, критикувајќи го одговорот на владата на двете масовни престрелки минатиот месец, во кои загинаа 18 лица. Картонски фигури на кои се претставени претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ во затворски одела со црно-бели риги беа оставени пред зградата на владата. Шестиот протест „Србија против насилството“ по првото пукање на 3 мај повика на „запирање на промовирањето на насилството на јавниот простор“, смена на министерот за внатрешни работи и шефот на агенцијата за разузнавање и прекин на промоцијата на насилство во медиумите и јавниот простор. Претходно оваа недела, како одговор на низата масовни протести, Вучиќ вети предвремени парламентарни избори, а премиерот и понуди оставка.