Во напад со беспилотно летало на руските сили, три лица загинаа, а најмалку десет се повредени во областа Одеса на југот на Украина, соопшти украинската армија.
Остатоци од дронот погодиле висококатница, предизвикувајќи пожар кој бил изгаснат. Експлозивниот бран ги оштетил и околните станбени згради.
Против-воздушната одбрана во регионот на Одеса собори осум беспилотни летала Шахед и два проектили во последната серија напади со руски беспилотни летала во последните недели, изјави портпаролот на јужната воена команда.
Видете и ова: Украина- Пресретнати руски разговори доказ за вмешаноста на Москва во пробивањето на бранатаРуските сили користеа беспилотни летала од иранско производство за да го нападнат регионот, а сите беа уништени од украинската војска, се вели во извештајот.
Официјални лица се уште потврдуваат дополнителни детали за нападот.