Светска банка предвидува раст од 2,4 отсто за македонската економија

North Macedonia - Illustration - Macedonian denars

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,4 отсто, проценува Светска банка во најновиот извештај за глобалните економски перспективи. Ова е поотимистичко сценарио од есенксото на Меѓународниот монетарен фонд за растот на македонскиот БДП од само 1,4 отсто. Според последните проценки на Светската банка економскиот раст во земјава благо ќе се забрза до 2,7 отсто во 2024 година и 2,9 отсто во 2025 година.

Претходно, во извештајот од јануари на Светска банка, беше посочено дека годинава Северна Македонија ја старуваше како лидер во регионот по раст на инфлацијата.

Видете и ова: Сиромаштијата ќе расте и ќе ја топи средната класа


Во последниот извештај Светска банка предвидува дека целиот регион на Западен Балкан годинава ќе ја заврши со економски раст од 2,6 отсто. Во извештајот е наведено дека клучни фактори кои влијаат на економските перспективи се влијанијата од војната во Украина, пониската лична потрошувачка, заострените глобални финасиски услови и послабата побарувачка во еврозоната.

Најголем економски раст од земјите во регионот, годинава се очекува кај Косово кој може да достигне до 3,7% а потоа и кај Црна Гора во висина од 3,4%.

Светска банка очекува Албанија да достигне раст од 2,8%, Босна и Херцеговина, 2,5%, Србија 2,3%, Хрварска 1,9%, а Бугарија 1,5%.

Во однос на глобалните перспективи, Светска банка очекува годинава економскиот раст да забави и да изнесува 2,1% во однос на минатогодишините 3,1%.са