Врнежи од град во Делчево денеска оштетија дел од раноградинарските култури, а настрадаа и дел од овошните насади.
Поројниот дожд поплави голем дел од подрумските простории на куќи и станови и предизвика потешкотии во одвивањето на сообраќајот. Од Општина Дечлево апелираа до граѓаните да пријават евентуални штети.
Според информациите од Општината, поради невремето, во дел од делчевските населби во прекин е снабдувањето со електрична енергија.
Видете и ова: Глобалното затоплување ја пробива клучната граница од 1,5 степениРегионалниот Центар за упревување со кризи Штип (ЦУК) информираше големото неврем во Делчево траело од 16:30 до 18:20 часот и дека во градот се поплавени повеќе од 60 објекти.
На терен се екипи од Територијалната противпожарна единица од Делчево, кои интервенираат заедно со екипи на Јавното комунално претпријатие.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека екипи од ТППЕ Делчево се излезени на терен и интервенираат со две возила и петмина пожарникари, заедно со екипи на јавното комунално претпријатие.
Локалните медиуми објавуваат дека од силното невреме со дожд и град, оштетени се и улици во градот, на некои од нив има големи штети на асфалтот.