Косовскиот премиер Албин Курти рече дека може да го прошири нацртот на својата визија за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство, но дека прво мора да се согласат сите партии за тоа.
Оваа визија Курти ја претстави во Брисел на 2 мај и откако одби да го прифати статутот му го претстави на српскиот тим.
Курти во својата визија не ја споменува Унијата на општините со српско мнозинство, туку обезбедувањето одредено ниво на самоуправување на Србите во Косово, како што е предвидено во Договорот за нормализација на односите врз основа на предлогот на ЕУ.
Сепак, неколку меѓународни дипломати, како и претставникот на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, потврдија дека „самоуправувањето“ се однесува на Заедницата.
Видете и ова: Стопанската комора на САД го предупреди Косово дека тензиите ги попречуваат инвестициите„Можам да ја проширам (нацрт визијата), но проширувањето значи почитување на принципите. Значи, кога ќе се договориме во принцип, тогаш можеме слободно да го прошириме текстот. Но, не можеме да пишуваме алтернативни текстови без принципелно да бидеме договорени “, рече Курти на седница на Собранието на Косово 8 јуни.
Во нацртот на визијата на Курти за формирање на Заедницата, меѓу другото пишува дека „припадниците на српската заедница на Косово имаат можност преку самоуправување да ги промовираат и штитат сопствените интереси“.
Исто така, оваа визија предвидува соработка со косовските институции како и „целосно прифаќање на уставните карактеристики“ на Косово со почитување на независноста и територијалниот интегритет.
Косовскиот премиер изјави дека не го прифаќа статутот што го изготви Менаџерскиот тим, составен од четворица српски членови, бидејќи тој е „имитација на Република Српска во Босна и Херцеговина“.
Нацртот на визијата на премиерот Курти дојде по инсистирањето на меѓународната заедница да се формира Заедница на општини со српско мнозинство.