Европската Унија го објави планот за зајакнување на односите со Латинска Америка, додека таа се обидува да го зголеми своето влијание соочена со руската инвазија врз Украина.
Врските на ЕУ со регионот се отежнати поради неуспехот да се склучи сеопфатен трговски договор со групата од четири земји, Меркосур – Аргентина, Бразил, Уругвај и Парагвај, за кој преговорите траат веќе две децении.
Несогласувања имаше со клучни регионални сили како што е Бразили тоа за инвазијата на Москва врз Украина и последиците од таа војна.
„Некогаш ова партнерство се зема здраво за готово или пак се занемарува“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешни политики и безбедност Жоезеп Борел.
Напорот за подобрување на односите со регионот е поттикнат од Шпанија, која го презема шестмесечното ротирачко претседавање со ЕУ следниот месец.
Видете и ова: ОН: војната во Украина - двигател на гладот во светотЕУ ја гледа Латинска Америка како важен потенцијален извор на клучни суровини бидејќи Брисел се обидува да ја одвикне Европа од нејзината зависност од Кина.
Напорите за склучување трговски договор со групата Меркосур се во застој веќе 20 години, при што земјите од Латинска Америка се спротивставуваат на напорите на ЕУ да ги принуди да се усогласат со строгите еколошки и климатски барања на Унијата.
ЕУ во моментов е најголемиот странски инвеститор во Латинска Америка и Карибите.