Претставниците на Европската унија и Соединетите Држави побараа од косовскиот премиер Албин Кути да ја смири ситуацијата на северот на Косово, да одржи нови избори и да се врати на дијалогот со Србија.
Претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак и американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Екобар, разговараа со косовскиот премиер Албин Курти на 5 јуни, додека тензиите и протестите на локалното српско население се уште траат во северно од Косово.
„Изнесовме предлог во име на меѓународната заедница кој содржи три елементи. Имавме долги, искрени и тешки разговори“, рече Лајчак.
Тој рече дека во интерес на сите е да има „легитимни“ општински претседатели на северот на Косово кои ги претставуваат граѓаните.
Видете и ова: Ескобар: Тензиите на Косово можеа да се избегнатЕскобар изјави дека на оваа средба дошол како пријател на Косово и рече дека се надева оти нивните барања „ќе бидат слушнати“. На прашањето дали премиерот на Косово го прифатил нивниот предлог, Ескобар рече дека тие се на почетокот на мисијата.
„Никогаш не сум видел толку единство во трансатлантската заедница. Истиот предлог го дадоа САД, ЕУ, НАТО и речиси секој пријател на Косово. Затоа се надевам дека ќе бидеме слушнати“, рече Ескобар.
По Приштина, Лајчак и Ескобар денеска се во Белград со цел уште еднаш да ги пренесат барањата на Брисел и Вашингтон за итно смирување на тензиите на северот на Косово.
Посетата на европскиот и американскиот дипломат се случува откако новоизбраните градоначалници на Звечани, Зубина Поток и Лепосавиќ со помош на полицијата на 26 мај влегоа во општинските згради. Станува збор за општини со мнозинско српско население кои ги бојкотираа локалните избори на 23 април, кога на чело на овие општини беа избрани косовските Албанци.
На 29 мај протестот на локалното српско население, кое се противеше на влегувањето на овие градоначалници во општинските објекти, прерасна во насилство меѓу членовите на Мисијата на НАТО на Косово (КФОР) и демонстрантите.