Во Охрид се чествува годишнината од доделувањето на Томосот за МПЦ-ОА

Поглаварите на Македонската православна црква- Охридска архиепископија г.г Стефан и на Српската православна црква г.г Порфириј

Поглаварите на Македонската православна црква- Охридска архиепископија г.г Стефан и на Српската православна црква г.г Порфириј денеска чиноначалствуваат во заедничка литургија во црквата „Света Софија“ во Охрид по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност.

Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА.

Видете и ова: СПЦ одлучи ПОА на Вранишковски ќе се обедини со МПЦ-ОА

На заседанието внимание беше посветено на темата за решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.

Српскиот патријарх Порфириј на 5 јуни минатата година му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на СПЦ објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.