Нови борби во источна и јужна Украина

Илустрација

Украинската војска соопшти дека во изминатите 24 часа се воделе нови борби во источна и јужна Украина, како и дека биле пријавени повеќе напади од Украина во рускиот регион Белгород, додека Киев соопшти дека спречил обид за инфилтрација на руски „диверзанти“ во регионот Харков.

Украинските бранители одбија 29 руски напади врз нивните позиции во источна Украина во изминатите 24 часа додека борбите продолжија на исток и на југ, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина рано на 5 јуни.

Руските сили спроведоа неуспешни офанзивни операции во регионите Харков, Луганск и Доњецк, неселективно користејќи воздушни и артилериски напади против воени и цивилни цели, соопшти војската. Борбите продолжија во делумно окупираните од Русија јужните региони Запорожје и Керсон, се вели во украинското соопштение.

Претходно на 5 јуни руското Министерство за одбрана соопшти дека спречило „голема“ украинска контраофанзива во јужен Доњецк и тврдеше дека при тоа загинале стотици украински војници.

Видете и ова: Најмалку 500 украински деца загинале во војната


Министерството соопшти дека украинската армија нападнала со шест механизирани и два тенковски баталјони во јужен Доњецк, но нападот „немал успех“.

Киев не го коментираше извештајот, што не можеше да биде независно потврдено.

Руското Министерство за одбрана на крајот на 4 јуни соопшти дека нивните сили успеале да одбијат обид на „диверзантско-извидувачка група на украински терористи“ да влезе во населбата Новаја Таволжанка во руската област Белгород во близина на границата со Украина.

Украинската војска на 5 јуни соопшти дека нејзините сили откриле и одбиле обид на Русија да се инфилтрира во „диверзантско-извидувачка“ група во источниот регион Харкив.Регионот Харкив се граничи со рускиот регион Белгород, каде во последните денови постојано се известуваше за борби.