Ескалацијата на северот на Косово делумно е резултат на неподготвеноста на официјална Приштина да ја слуша Меѓународната заедница, изјави за Би-Би-Си американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Тој додаде дека порастот на тензиите на север можело да се избегне:
„Оваа ескалација делумно е резултат на неподготвеноста на косовската страна да ја сослуша меѓународната заедница. Предизвика тензии, непотребно, со инсистирање на користење на општинските згради. Има и други згради од кои можеме да работиме, а ако ништо друго, пандемијата на корона вирусот не научи дека можеме да работиме и од алтернативни локации“, рече Ескобар.
Видете и ова: Мирно на северот на КосовоНа северот на Косово денеска е мирно, соопшти екипата на Радио Слободна Европа.
Новоизбраните градоначалници од албанска националност во петокот на 26 мај влегоа во општинските згради во три општини на северот.
На 29 мај протестот прерасна во насилство меѓу членовите на мисијата на НАТО на Косово, КФОР и демонстрантите. За време на немирите беа повредени 30 припадници на мировните сили и 52 лица од српска националност.