Зеленски: Подготвени сме за контраофанзива

Украинскиот претседател Володомир Зеленски

Украина е подготвена да започне контраофанзива со цел да ги врати териториите окупирани од Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Волстрит џурнал“.

„Силно веруваме дека ќе успееме.Не знам колку време ќе потрае. Ако треба да бидам искрен, тоа може да се направи на различни начини. Ние сме подготвени и ќе го направиме тоа“, посочува Зеленски.

И заменик-министерот за одбрана на Украина, Володимир В. Хаврилов, рече дека плановите за контраофанзива против руската окупација се движат во вистинската насока, и покрај „невидениот“ бран на ракетни и беспилотни летала напади низ земјата во последните недели.

„Нивната примарна цел е да ја запрат нашата контраофанзива и да ги таргетираат центрите за одлучување“, рече Хаврилов за Ројтерс на маргините на главната безбедносна конференција во Азија, Шангри-Ла Дијалог, во Сингапур.

Тој ја нарече руската интензивна употреба на балистички ракети во мај „последно стратешко засолниште“ и посочи дека системите за воздушна одбрана на неговата земја се „повеќе од 90 отсто ефикасни“ против нападите.

Видете и ова: Украина соборила 33 руски ракети и дронови, пет експлозии во Курск

За Русија „беше огромно изненадување кога откри дека ефективноста (на нивните балистички ракети) е речиси нула во споредба со модерните системи за противвоздушна одбрана, што ги добивме од нашите партнери“, рече тој.

Соединетите Држави и Германија испорачаа напредни ракетни батерии Патриот на Украина оваа година. Украина веќе доби напредни системи со краток дострел како NASAMS и IRIS-T од западните партнери, потсетува Ројтерс.

Киев се надева дека контраофанзивата за враќање на територијата ќе ја промени динамиката на војната што трае откако Русија ја започна својата инвазија на Украина пред 15 месеци.

Зеленски минатиот месец рече дека Украина мора да почека да пристигнат уште западни оклопни возила пред да започне контраофанзива.

Русија започна инвазија на Украина во февруари 2023 година.