Состојбата во општина Звечан на северот на Косово во саботата наутро е мирна, јавува екипата на Радио Слободна Европа.
На протестот главно присуствуваат жени кои се вработени во образовниот сектор.
Од 26 мај локалните Срби редовно протестираат во општините Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток со цел да се спротивстават на влегувањето на новите албански градоначалници во општинските згради.
Видете и ова: Српска листа: Курти црта мета на припадниците на српската заедница во северно КосовоПортпаролот на косовската полиција Баки Келани за Радио Слободна Европа изјави дека ситуацијата на северот на земјата е мирна. Тој рече дека на тој простор продолжува следењето на состојбите и координиран ангажман на полицијата со надлежните безбедносни институции.
„Косовската полиција, во соработка и координација со безбедносните институции, продолжува со полициската вклученост во спроведувањето на редот и јавната безбедност, обезбедувањето на безбедноста на граѓаните, како и преземањето полициски мерки во согласност со ситуацијата и настаните во северните општини“, изјави меѓу другото Келани.
На 29 мај демонстрантите се судрија со војниците на мировната мисија на НАТО - КФОР во Звечан. Тогаш 30 војници на мировните сили на НАТО, КФОР, беа повредени за време на конфликтот меѓу демонстрантите и органите на редот.
Меѓународната заедница веднаш повика на смирување на тензиите.
Последниве денови протестите беа главно мирни.