Од Штип до Киев, од ЕУ до ДЕА
МАКЕДОНИЈА - Околу 160 килограми висококвалитетен кокаин заплениле македонската и грчката полиција во акција во Грција координирана со американската ДЕА, објави МИА. Вредноста на кокаинот се проценува на повеќе од 10 милиони евра.
РУСИЈА - Полицијата во Русија ги предупреди активистите на можни последици од нивното учество на национални собири за поддршка на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални, закажани за 4 јуни, на неговиот роденден.
ЕРМЕНИЈА - Ерменскиот премиер Никол Пашинијан изјави дека „во нејзината војна со Украина, ние не сме сојузник на Русија“. Во интервју за CNN Prima News во Прага, емитувано доцна на 1 јуни, Пашинијан рече дека членството на Ерменија во групите предводени од Русија создава мислење на Запад дека Ереван е сојузник на Москва, додека руските власти разбираат дека Ерменија не е нивен сојузник во војната против Украина.
КИНА - Кина е подготвена да ја разгледа можноста за испраќање друга делегација во Европа на разговори за решавање на украинската криза, изјави нејзиниот специјален пратеник за евроазиски прашања Ли Хуи на 2 јуни.
КОСОВО - Косовскиот премиер Албин Курти неосновано ги обвинува и таргетира припадниците на српската заедница на северот на Косово затоа што не се согласуваат со кршење на основните човекови права. Вака на Курти му реагираше најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, кој денеска на седницата на Собранието на Косово за ситуацијата на северот на земјата ги прочита имињата на лицата кои наводно биле инволвирани во инцидентите на северот на оваа недела.
УКРАИНА - Украинската противвоздушна одбрана собори 15 крстосувачки ракети и 18 ирански беспилотни летала Шахед кои Русија ги истрела кон Киев, соопшти Генералштабот на украинските сили. Украинската армија и градското собрание на Киев не известија за жртви.
ШПАНИЈА - Шпанската католичка црква објави дека 728 нејзини членови сексуално злоставувале најмалку 927 малолетници во периодот од 1945 до 2022 година. Тој број не е конечен бидејќи црковните центри за жртви се уште работат, се вели во извештајот, објави МИА, повикувајќи се на шпанскиот весник „Ел Паис“.
ШВАЈЦАРИЈА - Швајцарскиот парламент го отфрли предлогот да се дозволи трансфер на оружје во Украина , јави ДПА. Мнозинството членови на швајцарскиот национален совет (долниот дом на парламентот, со 200 пратеници) гласаа против предлогот, изготвен од комисијата за безбедносна политика на комората.
МАКЕДОНИЈА - По повод годишнинатата од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) на 5 јуни во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија, објави МИА.
САД - Кремљ ги користи „информациите како оружје за војна“ за да ги подели сојузниците на Соединетите Држави на Балканот, а медиумите во регионот мора да ги засилат напорите за откривање на руската дезинформација и нивно одвојување од вистината, изјави американскиот дипломат Џејмс Рубин во интервју за Радио Слободна Европа.
МАКЕДОНИЈА - Северна Македонија и САД денеска одбележаа една година од меѓусебниот Стратешки дијалог , што беше одржан на 2-ри јуни 2022 година, во Вашингтон. Дијалогот беше лансиран од страна на министерот за надворешни работи, Бујар Османи и државниот секретар на САД, Антони Блинкен, со што беше отворено ново поглавје во билатералните односи и меѓу двете земји.
ЕУ - Одржување на нови избори на северот на Косово, обезбедување учество на Србите во нив и формирање на Заедница на српски општини се нашите „три јасни барања“, изјави високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел.
МАКЕДОНИЈА - Министерството за одбрана денеска, 2 јуни, информираше дека пристигнал воен конвој со новите возила на македонската армија – лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, кои се од американско производство.
ЦРНА ГОРА - Уапсениот градоначалник на Будва, Мило Божовиќ, втор месец по ред ќе им потпишува на платите на вработените во општината од затвор, откако советот на Вишиот суд во Подгорица донесе одлука за продолжување на притворот