Руските активисти под притисок поради собирот за Навални закажан за 4 јуни

Алексеј Навални во затвор

Полицијата во Русија ги предупреди активистите на можни последици од нивното учество на национални собири за поддршка на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални, закажани за 4 јуни, на неговиот роденден.

Антон Картавин, општински адвокат во Новосибирск, и локалната активистка Ирина Селишчева беа приведени на сослушување на 2 јуни и им беа врачени писмени предупредувања за последиците од учеството во „екстремистички активности“.

Видете и ова: Навални вели дека против него е отворен нов случај за тероризам

Картавин рече дека нема никаква врска со планираните собири. Во меѓувреме, блогерот Сергеј Веселов во градот Шуја беше обвинет за кршење на прописите за одржување јавни настани поради неговото најавување за митинзи на неговиот канал Телеграм.