Околу 160 килограми висококвалитетен кокаин заплениле македонската и грчката полиција во акција во Грција координирана со американската ДЕА, објави МИА.
Вредноста на кокаинот се проценува на повеќе од 10 милиони евра.
Разбиена е голема организирана криминална група која била следена подолг период, а уапсени се повеќе грчки и македонски државјани.
Од македонското МВР потврдуваат дека во тек е голема акција, но детали најавуваат по целосното зваршување.