Кина може „да размисли за посета на Европа“ за мировни преговори за Украина

Илустрација

Кина е подготвена да ја разгледа можноста за испраќање друга делегација во Европа на разговори за решавање на украинската криза, изјави нејзиниот специјален пратеник за евроазиски прашања Ли Хуи на 2 јуни.

Ли на прес-конференција рече дека неговото патување во Европа минатиот месец, прва посета за промовирање политичко решение за кризата, можеби нема да доведе до непосреден исход.

„Почувствувавме дека постои голем јаз меѓу позициите на двете страни“, рече тој за Русија и Украина.

Видете и ова: Кинескиот претседател и понуди на Русија „цврста поддршка“ во клучните интереси

Да потсетиме, на 17 мај специјалниот кинески пратеник Ли Хуи разговараше со високи украински претставници во Киев. Тоа беше прва посета на високо ниво на претставник на Пекинг на Украина откако Русија започна инвазија во февруари минатата година.

Пекинг, кој не ја осуди руската агресија врз својот сосед, рече дека патувањето на Ли на 17 мај имало за цел да разговара за „политичко решение“ на украинската криза.