Антикорупциската Комисија добила редактирана верзија од Договорот со американско- турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградбата на коридорите 8 и 10-д. Ова го изјави на 1 јуни вицепремиерот Артан Груби откако денеска членовите на Државната комисија за спречување на корупција се пожалија дека сè уште не го добиле целиот договор за да можат да работат на предметот кој што го отворија по допрен глас.
Видете и ова: Антикорупциска- Употребата на европско знаменце за коридорите 8 и 10 дел од политичката корупцијаГруби на денешниот настан по повод почнување со геомеханичките испитувања на почвата за изградбата на автопатот Тетово-Гостивар изјави дека Антикорупциска нема да го добие целосниот договор.
„Согласно договорот што е потпишан, има клаузула за доверливост. За да се достави до медиумите, Собранието и до ДКСК или која било друга институција, освен Јавното обвинителство, мора да има согласност од двете страни, односно од Владата и од конзорциумот „Бехтел и Енка“. Тие ни доставија редактирана верзија којашто е доставена до ДКСК за разгледување. Целосната верзија од договороте доставена само со Јавното обвинителство“, изјави Груби.
ДКСК отвори предмет за проектот за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д за којшто е потпишан Договор со „Бехтел и Енка“ по објавите во медиумите околу постапката на изборот на фирмите за надзор, а предмет по допрен глас отвори и Јавното обвинителство.
Опозицијата и понатаму бара договорот да биде јавно објавен а во Собранието не е одредена Комисијата на која ќе се разгледува договорот односно на која преставаници на Владата ќе презентираат на што се обврзала Владата, а на што Конзорциумот.
Видете и ова: Пешевски: Нема цена што ќе натера градежен работник да работи 60 часа неделноВо однос на најавата на Сојузот на Синдикати на Македонија дека ќе ги оспори на Уставен суд новите измените на Законoт за работни односи, вицепрмиерот и Координатор на проектот, Груби, вели „тоа нема да се случи“.
„Нема да паднат на Уставен. Не верувам дека ќе паднат на Уставен. Не гледам причина зошто би имало иницијатива до Уставен затоа што никаде во законите не се споменува спорната бројка од 60 работни часови“, изјави тој.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми на денешниот промотивен настан изјави дека сега почнува процесот на геомеханички испитувања на земјата.
„Паралелно ќе одиме со проектирање, паралелно одиме со подготвување на елаборати за експропријација и паралелно одиме со мобилизација на градба. Во моментот кога ќе ги имаме експроприрана дел од трасата и проектирање веднаш ќе почнеме и со градбата на Коридорот 8, изјави Рустеми.
Според проценките на Владата изградбата на Коридорите 8 и 10-д со вкушна должина од околу 110 километри ќе чини 1,5 милијарди евра. По официјализирањето на примената на Договорот, во тек се подготвителни активности за претстојните градежни работи на терен.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Уште од самиот почеток овој проект го следат контроверзии. Прво се заобиколија закони и се донесе нов закон „во четири очи“ за таа цел. Имаше проблеми и со изборот на надзор. Првиот обид пропадна поради руска врска, а и вториот се поврзува со скандали со фирмите за надзор.
Официјално, почетокот на изградбата на Коридорот 8 беше означен на свечена церемонија на 4 април, додека „камен темелник“ на Коридорот 10 Д се постави на 12 мај. Според најавите, автопатите треба да бидат завршени за 4 години и седум месеци, а проектот за изградба на коридорите ќе чини 1,3 милијарда евра.