Со измени на Уставот конечно ќе се стави крај на тезата дека се работи за еден народ во две држави, за прв пат во Уставот, покрај Македонците јасно ќе бидат диференцирани и Бугарите, со што таа теза веќе еднаш засекогаш ќе заврши и нема да биде тема на разговор, изјави на 1 јуни македонскиот премиер Димитар Ковачевски по пристигнувањето во Молдавија каде ќе присуствува на Самитот на Европската политичка заедница.
Тој во одговор на новинарски прашања посочи дека на Северна Македонија ѝ престојат политички одлуки со кои ќе се овозможи отворање на кластерите од преговорите со Европската Унија. Според него стратешка цел на Северна Македонија е полноправното членство во ЕУ до 2030 година.
Видете и ова: Уставните измени најрано за четири месециПремиерот најави дека планира и состанок со претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ, додавајќи дека од нив очекува да донесат одлуки кои ќе овозможат подобра иднина за граѓаните. Ковачевски вели дека по силните пораки на американскиот сенатор Крис Марфи и амбасадорите во Скопје смета дека на сите во државата им е јасно дека не постои можност веќе донесената предлог преговарачка рамка доставена од 27 земји членки на ЕУ, повторно да биде предмет на нови преговори.
„Бидејќи навистина ги содржи нашите барања кои што ги имавме, а тоа е чист македонски јазик, потврден и со договорот Фронтекс, заштитен македонски идентитет, она што претстои пред нас е една од многуте одлуки до влегување во ЕУ, а тоа е вклучување на други делови од народи во нашиот Устав, вклучително и бугарскиот народ. Со тоа се постигнува уште една многу значајна цел, бидејќи конечно веќе ќе се стави крај на тезата дека се работи за еден народ во две држави, за прв пат ќе имаме во Уставот и Македонци коишто се веќе, меѓутоа тука сега ќе бидат јасно диференцирани и Бугарите со што таа теза веќе еднаш засекогаш ќе заврши и нема да биде тема на разговор“, изјави Ковачевски.
Тој истакна дека вчера во Братислава разговарал со претседателката на Европската комисина Урсусла фон дер Лајен и со францускиот претседател Емануел Макрон.
„Претседателката на ЕК, којашто по состанок со мене тоа го сподели на многу експлицитен начин дека сега е времето кога треба да се донесат одлуките за да Северна Македонија го продолжи патот кон евроинтеграцијата и до 2030 година да станеме членка на ЕУ. Исто така имав состанок со претседателот на Франција на кој разговаравме во детали за процесот кој следи, го информирав за тоа дека се започнати уставните измени, практично предлогот на иницијативата е направен од работната група, доставен до Министерството за правда, ќе биде доставен до Владата, кој подоцна ќе оди во Парламент“, изјави Ковачевски.
Видете и ова: Ако нема уставни измени, тоа ќе биде загрижувачки чекор за НАТО сојузницитеПремиерот најави дека планира и состанок со претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ, додавајќи дека од нив очекува да донесат одлуки кои ќе овозможат подобра иднина за граѓаните. Ковачевски вели дека по силните пораки на американскиот сенатор Крис Марфи и амбасадорите во Скопје смета дека на сите во државата им е јасно дека не постои можност веќе донесената предлог преговарачка рамка доставена од 27 земји членки на ЕУ, повторно да биде предмет на нови преговори.
„Бидејќи навистина ги содржи нашите барања кои што ги имавме, а тоа е чист македонски јазик, потврден и со договорот Фронтекс, заштитен македонски идентитет, она што претстои пред нас е една од многуте одлуки до влегување во ЕУ, а тоа е вклучување на други делови од народи во нашиот Устав, вклучително и бугарскиот народ. Со тоа се постигнува уште една многу значајна цел, бидејќи конечно веќе ќе се стави крај на тезата дека се работи за еден народ во две држави, за прв пат ќе имаме во Уставот и Македонци коишто се веќе, меѓутоа тука сега ќе бидат јасно диференцирани и Бугарите со што таа теза веќе еднаш засекогаш ќе заврши и нема да биде тема на разговор“, изјави Ковачевски.
Вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав е услов за продолжување на преговорите на земјава за членство во Европската Унија. Уставот може да се измени со двотретинско мнозинство во 120-члениот парламент во Скопје, но засега мнозинството ги нема потребните гласови.
Во меѓувреме, на потребата од донесување на уставните измени укажуваат претставници на Меѓународната заедница кои во изминатиот период упатуваат пораки дека промената на Преамбулата е гаранција за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и дека целиот процес треба да се демистифицира и преку него нема да се изгуби идентитетот, јазикот или историјата.
Премиерот Ковачевски во Кишињев денеска беше пречекан од претседателката на Молдавија, Маја Санду. Ковачевски заедно со неговиот албански колега Еди Рама имаа заедничка средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски истакнувајќи ја силната поддршка која Македонија ја дава на Украина.