Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО денеска (1 јуни) се во Осло на вториот ден од состаноците за да разговараат за новите трошоци за одбрана и за идните односи на алијансата со Украина.
„Секое ново руско беспилотно летало и ракетен напад само ќе не натера да ги поддржиме Украинците уште повеќе во нивната самоодбрана“, изјави денека германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок пред почетокот разговорите.
Овој собир е уште еден чекор во дипломатската кореографија пред самитот на лидерите на НАТО во Вилнус закажан за 11-12 јули, кој има за цел да поттикне договор за тоа како да се зајакнат врските со аспирантот за членка Украина.
Видете и ова: Масовен руски напад со дронови врз главниот град на УкраинаАлијансата треба „да ја засили хуманитарната и воената помош“ за Украина, изјави норвешката министерка за надворешни работи Аникен Хуитфелд пред денешниот состанок.