Литванскиот претседател Гитанас Наузеда бара посилно присуство на НАТО на источното крило на Алијансата додека руската војна против Украина продолжува.
„Ова е линија на фронтот што треба да биде многу силна. Ни треба воздушна и ракетна одбрана и поголемо присуство на сојузничките сили во регионот“, рече Наузеда на 30 мај по состанокот со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во Вилнус.
Видете и ова: Украина бара од Германија проектили со долг дострел „Таурус“„Долгорочната посветеност на Германија за безбедноста на Литванија е неопходна за целото источно крило на НАТО“, рече тој.
Во моментов, 760 германски војници припаѓаат на борбената единица на НАТО во Литванија, предводена од Германија.