Учебната година во ОУ „Владислав Рибникар“ каде 13-годишен ученик на 3 мај годинава уби девет ученици и обезбедување, ќе заврши на 2 јуни, договорено е на состанокот во Српското претседателство на 29 мај.
На средбата присуствуваа мајката на убиеното девојче во масакрот, Миланка Негиќ, заменик претседателката на Советот на родители, Бојана Недељковиќ, претставници на надлежните државни институции и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопштено е од средбата.
Од понеделник, 5 јуни, сите ученици ќе се сретнат во ОУ „Свети Сава“ во попладневната смена, каде ќе имаат активности кои ќе бидат наменети за нив.
Меморијален центар во училиштето
Во делот на училиштето „Владислав Рибникар“, во кој се влегува од улицата Краља Милутина, ќе се гради меморијален центар во спомен на сите жртви, што е иницијатива иницирана од Миланка Негиќ, се вели во соопштението.
Видете и ова: Погребани десет жртви од двете масовни убиства во Србија„Родителите би сакале да им се заблагодарат на сите што беа со нив во текот на сите денови по големата трагедија и помогнаа јавноста да го слушне нивниот глас“, изјави адвокатот Војин Шаљиќ, правен застапник на родителите.
Се додава дека Министерството за образование доставило предлог за разрешување на директорката Снежана Кнежевиќ и формирање на привремен орган на управување за тоа основно училиште.
Во записникот дополнително се наредува спроведување на дисциплинска постапка против училишниот педагог и психолог, кој ќе биде суспендиран до завршување на постапката, се наведува во соопштението.