Безбедносната состојба во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток во моментов е мирна, соопшти косовската полиција.
„Немаме евидентирани инциденти, полицијата ги извршува работните задачи согласно своите обврски“, изјави за Радио Слободна Европа Ветон Елшани од оваа институција.
Според него, полициски службеници се уште остануваат во близина на трите општински згради на северот на Косово.
Инаку, за денеска повторно се најавени протести против албанските градоначалници на општините со српско мнозинство во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.
Вчера, војниците на КФОР се судрија со српските демонстранти кои одбија да го послушаат предупредувањето на КФОР да ја напуштат областа во близина на општина Звечан.
Најмалку 25 војници на КФОР беа повредени, како и десетици демонстранти.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5