Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека ситуацијата на Косово е алармантна и може да предизвика нов конфликт во центарот на Европа.
Мировната мисија на НАТО КФОР утрото на 29 мај го зголеми своето присуство во општините на северот на Косово, по порастот на тензиите поради изборот на градоначалници од албанска националност во мнозинските српски општини.
„Се подготвува голема експлозија во центарот на Европа. Токму на местото каде што во 1999 година НАТО ја нападна Југославија, кршејќи го секој замислив принцип на завршниот акт на Хелсинки и документите на ОБСЕ“, рече Лавров на 29 мај за време на посетата на Кенија.
Видете и ова: На северот на Косово тензии, судир на локалните Срби со КФОРЛавров рече дека Западот „го избрал правецот на целосно потчинување на секој кој на некој начин го изразува своето мислење“, пренесува руската државна агенција РИА Новости.
Тој додаде дека актуелните настани во светот се од „геополитичка природа“ и дека ситуацијата бара „геополитичко решение“ што ќе ја обезбеди безбедноста на европските земји и ќе значи дека „ниту еден блок, вклучително и НАТО, нема право да бара доминација во тој дел од планетата“.
На северот на Косово, локалните Срби од мнозинските српски општини денеска повторно се собраа за да се спротивстават на новите градоначалници од албанска националност, избрани на локалните избори на 23 април.
Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ најави дека во понеделник на 29 мај ќе биде завршено целосното распоредување на единиците на вооружените сили на Србија согласно наредбата на претседателот Александар Вучиќ за зголемување на борбената готовност.
Видете и ова: Квинта и ЕУ - Косовските власти да не влегуваат насилно во општините на северотПретходно, на 26 мај, во екот на зголемените тензии на северот на Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ издаде наредба да се подигне борбената готовност на српската армија на највисоко ниво.
„Единиците на српската армија ќе бидат подготвени да ја извршат секоја наредба, со надеж дека ќе се најде политичко решение“, изјави Вучевиќ.
Косовската полиција им помогна на градоначалниците Албанци на општините на северот на Косово - Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, каде мнозинството од населението се Срби, да влезат во нивните општински простории на 26 мај.
Меѓународната заедница ја осуди одлуката на Владата на Косово градоначалниците да влезат во општинските згради и ги повика властите на воздржаност.
НАТО ги повика и институциите на Косово итно да ја деескалираат ситуацијата на северот.