Украина побара од Германија да ѝ достави крстосувачки ракети Таурус, оружје кое се лансира од воздух со дострел од околу 500 километри, изјави портпаролот на Министерството за одбрана во Берлин.
Германија го доби барањето пред неколку дена, рече портпаролот
на 27 мај, потврдувајќи го извештајот на Франкфуртер алгемајне цајтунг.
Таа одби да даде дополнителни детали или да каже колку е веројатно Германија да ги испорача ракетите на Украина.
Доколку ги испорача ракетите, Германија ќе ги следи стапките на Британија, која претходно во мај стана првата земја што јавно му обезбеди на Киев крстосувачки ракети со долг дострел.
Видете и ова: Столтенберг - Обучувањето на украинските пилоти не го прави НАТО страна во конфликтотСоединетите Американски Држави досега одбиваа да ѝ снабдат на Украина ракети од армискиот тактички ракетен систем (ATACMS) со дострел од 297 километри поради загриженоста дека Украина би можела да ги искористи за да нападне внатре во меѓународно признатите граници на Русија.
Украина со месеци бараше ваков вид оружје, но поддршката од западните сојузници се фокусираше на оружје со помал дострел.
Таурус е направен од европскиот производител на ракети МБДА и има слични карактеристики на британскиот Storm Shadow.
Може да се користи за гаѓање цели со висока вредност, војници или депонии за гориво длабоко зад фронтот и има способност да уништува зацврстени цели како што се бункери закопани длабоко под земја.