Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека претседателот на партијата Христијан Мицкоски е подготвен да разговара со премиерот Ковачевски кога станува збор за националните и државни интерси, но тој бара да разговараат и за тоа што ќе се прави во периодот по неуспехот на уставните измени.
„Доколку постои желба за национално единство и слушање на гласот на мнозинството, прифаќаме лидерска средба на која треба меѓудругото да се види што ќе се прави во периодот по неуспехот на тие уставните измени и иднината на граѓаните која треба да се обезбеди“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако претходно премиерот Димитар Ковачевски рече дека во наредните дестина дена ќе го покани на средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на која би разговарале за носење на одуки за интеграцијата на Северна Македонија и за усогласување на ставовите за односите со соседните земји.
Видете и ова: Владата од понеделник ќе ја разгледува иницијативата за уставните измени„Јас планирам и да го поканам во текот на наредните 10 дена на средба на која што ќе разговараме за две теми. Првата тема ќе биде носењето на одлуки потребни за интеграција на Северна Македонија во ЕУ и второ, усогласување на ставови за односи со сите соседни држави на Република Северна Македонија“, рече Ковачевски.
Владата од понеделник ќе ја разгледува Предлог - иницијативата за уставни измени изработена од страна на Работната група, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, откако вчера ова тело ја усвои Предлог иницијативата и ја достави до Владата.
Работната група на 26 мај ја усвои Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија. Предлогот ќе се достави до Владата која ќе треба да ја проследи иницијативата до Собранието каде ќе ги помине сите работни тела.
Во работната група за уставните измени не членуваат претставници на ВМРО-ДПМНЕ, кои се противат на ваквите измени.
Вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав е услов за продолжување на преговорите на земјава за членство во Европската Унија. Уставот може да се измени со двотретинско мнозинство во 120-члениот парламент во Скопје, но засега мнозинството ги нема потребните гласови.