Најмалку една административна зграда на гасоводот во рускиот регион Псков беше оштетена рано на 27 мај, во експлозија предизвикана од два напади со беспилотни летала, рече регионалниот гувернер Михаил Ведерников на Телеграм, без да прецизира од каде потекнуваат беспилотните летала.
Експлозијата се случила во близина на селото Литвиново, недалеку од границата со Латвија и Белорусија.
Ведерников рече дека нема информации за жртви.
Видете и ова: Украина - нови руски напади врз Бахмут и ХаркивСпоред каналот на Телеграм „База“, две беспилотни летала камикази ја нападнале пумпната станица Транснефт. „База“ исто така извести дека беспилотни летала го нападнале регионот Белгород кој граничи со Украина, додавајќи дека нема жртви.
Во втората година од руската инвазија на Украина, регионите на Русија - и погранични и негранични - се редовно гранатирани, со уништување и жртви.
Регионалните власти генерално тврдат дека нападите биле извршени од украинска страна.
Киев, како и обично, не ја коментираше акцијата внатре во Русија.