Во Белград седница на Советот за национална безбедност за Косово

Седница на Советот за национална безбедност со која претседава претседателот на Србија, Александар Вучиќ. 21 февруари 2022 година.

Во Белград започна седницата на Советот за национална безбедност, на која присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Седницата на која се состануваат сите претставници на безбедносните институции во Србија се одржува ден по конфликтот меѓу косовската полиција и локалното население во општините со мнозинско српско население на северот на Косово.

Полицијата им помогна на новите албански градоначалници на Звечан, Лепосавиќ и Зубина Поток да влезат во нивните канцеларии, на што се спротивставија групи локални Срби.

Беше фрлен солзавец и шок бомби, а кон полицијата беа фрлани и камења. Новите градоначалници влеглоа во нивните простории по интервенција на полицијата.

Видете и ова: Тензии на северот на Косово, Србија ја подигна борбената готовност

Градоначалниците беа избрани на изборите во април 2023 година, кои беа бојкотирани од најголемата партија на Србите, Српска листа, со поддршка на официјален Белград.

По инцидентите на северот на Косово, претседателот на Србија нареди борбена готовност и распоредување на војската на Србија на границата со Косово, чија независност властите во Србија не ја признаваат. Косовските власти за немирите ги обвинија српските „криминални и нелегални структури“.

Постапките на косовските власти во општините на север ги осуди американскиот државен секретар Антони Блинкен, кој го повика косовскиот премиер Албин (Албин) Курти веднаш да престане со „насилните мерки и повторно да се фокусира на дијалогот што го води ЕУ“. Потезите ги осуди и Европската Унија, која најави дека повеќе нема да прифаќа провокативни потези.