Борбите продолжија во и околу источниот украински град Бахмут, епицентарот на војната во Доњецк, додека Русија го гаѓаше разурнатиот град и неговата околина со воздушни напади, соопшти украинската војска на 27 мај.
Ракетен напад погоди и едно село во источниот регион Харкив во текот на ноќта, изјави на 27 мај регионалниот гувернер Олех Синјехубов, додавајќи дека проектилот предизвикал материјална штета, но немало жртви.
Украинските сили одбија 25 руски напади врз нивните позиции во источна Украина во изминатите 24 часа, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина во својот дневен извештај на 27 мај.
Најтешките борби сè уште се водат на фронтот Лиман-Бахмут-Авдијивка-Маринка во регионот Доњецк, соопшти украинската војска, спротивно на тврдењето на Москва дека го освоила Бахмут, кој беше епицентар на повеќемесечната битка за контрола на Донбас.
Видете и ова: Јапонија воведува нови санкции против РусијаВо тек се борби и околу Купјанск во областа Харкив, каде руските сили се обидуваат да ја зацврстат својата тактичка позиција, соопшти украинската војска.
од украинската војска велат дека руските трупи исто така извеле неколку воздушни напади врз Авдијивка, Билохоривка и Вуледар.
Последните борби доаѓаат откако најмалку две лица загинаа, а десетици беа ранети од тешка серија руски ракети и беспилотни летала врз неколку украински региони и главниот град Киев на 26 мај.
Две лица загинаа, а 25 други беа ранети, меѓу кои и две деца, кога беше погодена медицинска установа во централниот украински град Днипро во нападот опишан од претседателот Володимир Зеленски како „уште едно злосторство против човештвото“.
Зеленски рече дека во зградите има психолошка клиника и ветеринарна клиника во градот.
Во Киев, повеќето од дојдовните ракети и беспилотни летала беа соборени од украинската противвоздушна одбрана, соопштија воените и регионалните власти.
Штети предизвикани од урнатини од паѓање биле пријавени во киевските области Оболон и Шевченковски, изјави Серхи Попко, шеф на воената управа на главниот град.
Ова беше 13-ти ваков напад врз главниот град на Украина овој месец.
Во Русија, гувернерот на Белгородската област која граничи со Украина, тврдеше дека украинската војска стои зад десетици артилериски и беспилотни напади низ граничната област, но тој рече дека нема жртви.
И официјални лица во Краснодар на југот на Русија рекоа дека два дрона оштетиле згради во центарот на градот, иако нема информации за жртви.
Киев, како и обично, не ја коментираше акцијата во Русија.